Четириесет и шестгодишен жител на Скопје е приведен откако при службен преглед кај него бил пронајден хероин. Министерството за внатрешни работи соопшти дека лицето е лишено од слобода во текот на вчерашното попладне од страна на припадници на интервентната полиција.
„На 06.11.2026 околу 15:20 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода С.М.(46) од Скопје, бидејќи при преглед кај него пронајден е хероин“, информираат од полицијата.
За целиот случај веднаш бил известен надлежен јавен обвинител, по чии дадени насоки осомничениот С.М. е задржан во просториите на полициската станица за спроведување на понатамошната постапка.
