МВР информира дека вчера, во 18.50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Х.Б.(23) од охридското село Косел.
-При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронашле и одзеле кокаин, соопштуваат од полицијата.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.