Човечки скелет бил пронајден завчера во стан во Белград. Според српските медиуми, скелетот бил пронајден во населбата Врачар, во станот во кој живеел 90-годишен старец.

Соседите, наводно, не го виделе човекот од 2020 година.

Соседите не пријавиле ширење на непријатна миризба, а не е јасно зошто телото не е пронајдено порано.

Наредена е обдукција која ќе покаже дали навистина се работи за 90-годишниот станар на зградата, пишува Н1.