Синоќа (21/22.05.2022) година од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, во содејство со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје при контрола на угостителски објекти на подрачје на СВР Скопје од слобода се лишени 12 лица.

-Притоа кај Н.В.(42), Г.Н.(20), С.Ј.(21), А.Ј(35), Г.Т.(33), Л.Р(34) била пронајдена прашкаста материја, додека кај Д.М(23), Ј.Ѓ(21), Л.Ј(18), Б.Б(26), Х.И.(20) и Д.М(39) била пронајдена марихуана, информира МВР.

Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен поднесок по член 215 од Кривичниот законик.