По добиени оперативни сознанија и наредба за претрес од Основен кривичен суд Скопје, денеска полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија извршија претрес во домот на Ф.М. (25).

Како што соопшти МВР, при претресот е пронајдена марихуана. Лицето е лишено од слобода и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.