Пронајдена е неексплодирана бомба во Охридското езеро. Безбедно е отстранета, а извршен е и увид.
На 21.02.2025 во 11.05 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кеј „Македонија“, во водите на Охридското езеро, била пронајдена неексплодирана бомба.
Оваа неексплодирана бомба е успешно отстранета. Претставник на Дирекција за заштита и спасување безбедно ја подигнал бомбата, а увид извршила екипа од СВР Охрид.