Од МВР информираат:
– Вчера во 21:45 часот на улица „29 ноември“ во Кичево полициски службеници од СВР Охрид -OВР Кичево запреле возило „сааб“ со кичевски регистерски ознаки, управувано од Ф. М. (40), а сопатник бил П. Ј. и при преглед кај нив е пронајдена прашкаста материја, марихуана во повеќе полиетиленски пакувања, пиштол марка „Зораки“ и еден куршум
Потоа, по издадена судска наредба, извршен е претрес во дом и помошни простории на Ф.М. во Кичево и притоа пронајдена е прашкаста материја, марихуана и дигитална вага кои биле ставени во метална канта закопана во дворот на Ф.М..
– При извршениот претрес вкупно се пронајдени околу 1,7 килограми марихуана и околу 160 грама хероин, се вели во соопштението од МВР.
По документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство за извршени кривични дела по член 215 и член 396 од КЗ.