Пронајдено е телото на 14 годишното момче кое вчера се удави во Беровско Езеро.

Информацијата ја потврди портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова, која за МИА информираше дека нуркачите го извадија телото на момчето од Беровско Езеро утрово во 8:50 часот.

Телото, како што додаде портпаролката, е предадено на обдукција во судска медицина во Скопје.