Иако важеше за сигурен фаворит, Фридрих Мерц не успеа да биде избран за нов канцелар на Сојузна Република Германија. Во првиот круг од гласањето во Бундестагот, Мерц доби 310 гласа, што е шест помалку од потребното апсолутно мнозинство од 316 гласови, пренесе Дојде Веле.

Шок и неуспех за новата коалиција

Овој неочекуван исход е голем неуспех за Мерц и за новоформираната коалиција меѓу Христијанските демократи (ЦДУ), Христијанската социјална унија (ЦСУ) и Социјалдемократите (СПД), која има вкупно 328 пратеници во 630-члениот Бундестаг.

Според германскиот јавен сервис ARD, ова е првпат во историјата на Германија да не биде избран канцелар иако постои парламентарно мнозинство.

Присуствувале сите пратеници на коалицијата

Се наведува дека на денешната седница присуствувале сите 328 пратеници од коалицијата, што предизвикува дополнителни прашања за можните внатрешни несогласувања или тајни откажувања од поддршка.

Уставен рок од 14 дена за нов обид

Согласно германскиот Устав, пратениците имаат 14 дена да изберат канцелар со апсолутно мнозинство. Во моментов се водат интензивни консултации помеѓу партиите, а не е прецизирано дали вториот круг од гласањето ќе се одржи уште денес.

Доколку и вториот обид пропадне, во третиот круг ќе биде доволно просто мнозинство за избор на канцелар. Во тој случај, германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер има рок од седум дена да го назначи избраниот кандидат или да го распушти парламентот и распише нови избори.

За потсетуавање, во Германија имаше долги преговори за составување влада.

По 45 дена интензивни преговори Германија доби влада

Што опфаќа коалицискиот договор?

Во коалицискиот договор, приоритет добива намалување на нелегалната миграција, вклучувајќи:

  • Враќање на барателите на азил директно на границата

  • Депортација на сириски и авганистански државјани, особено криминалци и потенцијално опасни лица

  • Прекин на спојување на семејства со таканаречен статус на супсидијарна заштита во наредните две години

  • Суспензија на сите државни програми за прием на бегалци

Во Германија ќе мора да има широка коалиција: Со исклучувањето на АФД, Мерц ќе мора да коалицира со повеќе партии