Меѓутоа полицијата ги спречи на 100 метри од претседателската палата, но не ги спречи да го искажат револтот.
-Денеска се собравме пред претседателската палата, но наидовме на полициски кордон кој не ни дозволи, и сега сме на 100 метри од палатата. Се собравме да реагираме против изјавата на претседателот Стево Пендаровски, кој пред неколку дена го искажа својот став за случајот од 27 април. Според изјавата на претседателот на Северна Македонија, напаѓачите на Собранието треба да не се водат како терористи и според него случајот да биде вратен на повторно судење. Претседателот ја прекршил својата заклетва и и служи само на македонската страна. Зошто никогаш не коментира политички монтирани случаи против Албанци? Се собравме да го повикаме Пендаровски да не ги штити терористите затоа што демократијата не дозволува такво нешто, рече Блерим Ахмеди, еден од организаторите на протестот.