Протестен марш „Стоп за сообраќајното насилство“ денеска во Неготино
Денеска во Неготино ќе се одржи протестен марш под мотото „Стоп за сообраќајното насилство“, објавија организаторите на настанот на социјалните мрежи. Маршот ќе започне во 14 часот на улица „Маршал Тито“ и има за цел да испрати силна порака против неодговорното возење и трагичните последици од него.
Обезбеден бесплатен превоз за учесниците од другите градови
„Другарките на Фросина Кулакова, која трагично го загуби животот на 29 јануари, организираат бесплатен превоз за сите кои сакаат да учествуваат во протестот, а доаѓаат од други градови,“ стои во објавата на социјалните мрежи.
Повикани се сите луѓе, но посебен акцент се става на студентите.
„Автобусите од Скопје ќе тргнат во сабота во 11 часот од пред хотелот ‘Холидеј Ин’. Ги повикуваме сите граѓани, особено студентите, да ни се придружат во маршот и заедно да испратиме порака дека мора да се стави крај на сообраќајното насилство,“ повикуваат организаторите.
Трагичната смрт на Фросина Кулакова – повод за протестен марш
Фросина Кулакова беше прегазена на 29 јануари на пешачки премин на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. Возилото го управувал 20-годишниот Васил Јованов, кој според извештаите, во моментот на несреќата возел под дејство на алкохол, без возачка дозвола и поминал на црвено светло.
За потсетување, нашиот медиум прв ги објави деталите околу возачот кој ја прегази Фросина Кулакова.
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ: Возачот кој ја усмрти 22 – годишната Фросина требало да биде во притвор!
Освен тоа, Радио Лидер откри семејна професионална поврзаност на семејството на судијката со семејството на обвинетиот.
Денешниот протестен марш освен за сообраќајот отвори сомнежи и за судската фела во државата. Премиерот Мицкоски најави дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ ќе покренат иницијатива за разрешување на членовите на Судскиот совет.