Некои демонстранти биле уапсени на почетокот на протестот поради одбивање да носат маски и прекршување на полицискиот час.

Полицијата не соопшти точни податоци за бројот на демонстранти, но канадските медиуми објавија дека повеќе од 30.000 протестирале во Квебек и тоа е најбројниот митинг против ограничувањата во градот во изминатите месеци. Демонстрантите, игнорирајќи ги правилата за социјално дистанцирање, изјавија дека ограничувањата наметнати од власта во Квебек се „неоправдани“.

Тие го критикуваа задолжителното носење маски на собири на отворено и полицискиот час воведен од почетокот на јануари, мерка која не е наложена во Канада уште од појавата на шпанскиот грип пред еден век.

Премиерот Џастин Трудо го нарече протестот „длабоко разочарувачки“.

– Иронијата е тука што кога луѓето ќе се соберат, тие се ставаат во опасност, ја шират инфекцијата и го продолжуваат времето во кое ќе треба да се соочиме со ограничувања и мерки за јавното здравје, истакна Трудо.

Канада регистрира повеќе од 1,2 милиони случаи на коронавирус и 24.200 починати, од кои над половина во Онтарио и Квебек.