Саво Манојловиќ од организацијата „Тргни-промени“ најави дека на денешните протести во Белград граѓаните исклучиво пешки ќе го блокираат сообраќајот и да нема да се користат автомобилите како во останатиот дел од државата.
-Централното место за блокадата е мостот Газела, како и минатата сабота. Заземањето ќе биде раштркано и преку Мостарскиот јазол и над Новобелградската страна. А точките за блокада се Панчевскиот мост, Теразије, Славија, Бранковиот мост, објави Манојловиќ на Твитер.
Најавената блокада на Србија во Белград ќе се реализира на два колосеци: блокада со пешаци како оние што ги видовме минатата сабота и автоблокада, организирана на повеќе локации низ градот.
Блокади се најавени и во Нови Сад, Ниш, Крагуевац, Зрењанин, Јагодина, Нови Пазар или во околу 50 градови во Србија.
Блокада ќе се организираат и во Шабац, каде пред седум дена се случи инцидент на протест кога багер тргна кон граѓаните кои го блокираа сообраќајот.
Протестите се организираат со барање за ослободување на сите уапсени во претходните протести, повлекување на Законот за експропријација и измени на Законот за референдум и народната иницијатива.
Претходната акција на блокирање на сообраќајот низ државата предизвика сериозни турбуленции во јавноста, а имаше и физички пресметки – најмногу во Шабац и Нови Сад.
За оваа сабота е најавена сообраќајна блокада која ќе трае повеќе од еден час, а министерот за полиција Александар Вулин и дал дозвола на полицијата да „употреби сила“, додека челниците на протестите порачаа дека нема да отстапат од јасните барања.