Собранието го повлече предлогот за измени во законост за заштита на културното наследство по бурните реакции од ескпертската јавност. Археолозите денеска на протест побараа од пратениците, владата и претседателот да не дозволат бизнис интересите да ги загрозат наоѓалиштата и локалитетите на трасата на планираните коридори.

„Дали сте свесни дека делницата Требеништа – Струга – Ќафасан е дел од светското природно и културно наследство на Охридскиот Регион, под заштита на Унеско? Пратеници, свесно уништување и прикривање на културно наследство е кривично дело, без преседан кога во тоа е вклучено највисокото тело на државата која всушност треба да се грижи за истото“, рече Петров.

Од Националниот комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети потсетуваат дека изведбата на вакви инфраструктурни објекти треба да биде во согласност со меѓународните конвенции за заштита на културното наследство како и под постојан надзор на стручни лица од таа област.

„Предлог-законот е во спротивност и со Повелбата за заштита и управување со археолошкото наследство на ИКОМОС која ја нагласува потребата од тесна соработка меѓу инвеститорите на развојни проекти и стручните лица за заштита на археолошкото наследство. Ова е и во контекст на веќе остварената интегрирана заштита на културното наследство во нашиот правен систем, во повеќе закони кои гарантираат соодветен третман на културното наследство во системот на просторно и урбанистичко планирање, како и при изведувањето на инфраструктурни проекти“, 

Контраверзните законски измени предвидуваа изведувачот на градежните работи да има обврска да го пријави откритието до надзорниот инженер, наместо до надлежната јавна установа за заштита или до Министерството за внатрешни работи.