-Воените лидери разговараа за неколку прашања поврзани со безбедноста и се согласија линиите за комуникација да останат отворени, кажа портпаролот на Мили.

Шефот на началниците на штабовите на американската војска, американскиот генерал Марк Мили денеска разговараше со својот руски колега, началникот на рускиот Генералштаб, генерал Валериј Герасимов, првпат од почетокот на руската инвазија на Украина, потврдија денеска од американската армија.

-Воените лидери разговараа за неколку прашања поврзани со безбедноста и се согласија линиите за комуникација да останат отворени, кажа портпаролот на Мили.

-Во согласност со досегашната пракса, деталите од нивниот разговор ќе бидат приватни, додаде портпаролот.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин минатата недела разговараше со својот руски колега Сергеј Шојгу, што исто така беше првпат откако Русија на 24 февруари ја почна инвазијата врз Украина.