Министрите за надворешни работи на САД и Русија разговараа за прв пат од почетокот на руската инвазија на Украина. Десетминутната средба меѓу Антони Блинкен и Сергеј Лавров се одржа на маргините на состанокот на Г20 во Њу Делхи.

На крајот на средбата не беше договорена заедничка изјава за осуда на војната во Украина, бидејќи Русија и Кина беа против. Средбата ја одбележаа несогласувањата меѓу САД и Русија. Американскиот државен секретар рече дека сè е нарушено од руската „непредизвикана и неоправдана војна“, додека неговиот руски колега  го обвини Западот дека го „закопал“ договорот за дозволување извоз на некои украински житарки.