Во Русија сојот Омикрон е потврден кај двајца патници кои се вратиле од Јужноафриканската Република.
И во Аргентина е регистриран сојот Омикрон кај лице кое допатувало од ЈАР на 30 ноември. Тој имал примено две дози вакцина против Ковид-19.
Во Непал денеска се потврдени два случаи на зараза со сојот Омикрон. Двете лица биле во контакт со 66 луѓе, но засега никој од нив не е заразен.