Јовановски: „Честитки за тимот“

Во Градската општа болница „8 Септември“ денеска за првпат во Македонија е воведена методата „Coro Flow“, софистициран софтверски медицински систем за детектирање дисфункција во микроциркулацијата на срцевиот мускул.

Информацијата ја објави интернистот д-р Златко Јовановски на социјалните мрежи, посочувајќи дека станува збор за значаен чекор во интервентната кардиологија.

„Денес во ГОБ 8ми Септември, интервентна кардиологија, за прв пат во Македонија, се воведе нова метода Coro Flow, софистициран софтверски медицински систем за детектирање дисфункција во микроциркулацијата на срцевиот мускул. Честитки за тимот“, напиша Јовановски.