Победникот на Лигата на шампионите беше решен по изведување пенали
ПСЖ втора година по ред е шампион на Европа, откако вечерва во финалето на Лигата на шампионите го совлада Арсенал со 4:3 по изведување пенали. Големото финале се одигра на „Пушкаш Арена“ во Будимпешта, а по 120 минути игра резултатот беше 1:1.
Арсенал подобро го отвори натпреварот и дојде до предност уште во шестата минута преку Каи Хаверц, кој ја затресе мрежата на францускиот тим.
Дембеле донесе израмнување за Парижаните
ПСЖ успеа да се врати во игра во второто полувреме. Во 65. минута Усман Дембеле беше прецизен од белата точка и го израмни резултатот на 1:1.
До крајот на регуларниот дел и по дополнителните 30 минути не беше постигнат нов погодок, па победникот мораше да биде решен со пенали.
Втор европски трофеј по ред за ПСЖ
Пенал-рулетот им припадна на фудбалерите на ПСЖ, кои беа посигурни и славеа со 4:3.
Ова е втора последователна титула во Лигата на шампионите за францускиот клуб. Минатата сезона ПСЖ во финалето убедливо го совлада Интер со 5:0, додека во 2020 година играше финале, но тогаш беше поразен од Баерн Минхен со 1:0.
Арсенал, пак, останува без европска круна и по своето второ финале во најелитното европско натпреварување. Лондонскиот клуб претходно играше финале и во сезоната 2005/06, но и тогаш не успеа да го освои трофејот.
