Жена загина, а најмалку пет лица се ранети во пукање што денеска околу 14.30 часот се случи во бар во белградската населба Вишњичка Бања.
Белградските медиуми јавуваат дека напаѓачи упаднале во локалот и почнале да пукаат кон присутните гости.
Полицијата веднаш го обезбеди местото на настанот и во тек е истрага за инцидентот, како и потрага по сторителите.