Едно лице загина во напад на вооружен маж кој киднапираше автобус во главниот град на американската држава Џорџија, Атланта, во кој имало вкупно 17 лица, меѓу кои и возачот, јавија американските медиуми.

Инцидентот се случил во вторникот, а полицијата организирала потера по патничкиот автобус откако добила дојава за пукање во автобусот и можна заложничка криза, објави Си-Би-Ес.

– Advertisements –

Полицијата во Атланта соопшти дека го уапсила осомничениот, 39-годишниот Џозеф Грир, кој бил вооружен со пиштол и претходно имал 19 пресуди и апсења.