На 11.03.2022 во 18.30 часот на подрачјето на Чаир од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје бил лишен од слобода К.О.(26) од Скопје.
Тој околу 12.20 часот на подрачјето на Чаир, по меѓусебно недоразбирање, физички го нападнал А.К.(36) од Скопје, му се заканувал со остар предмет и испукал од огнено оружје, при што никој не бил повреден, информира МВР.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.