Едно лице загина, а друго е повредено во смртоносна престрелка што се случи утринава во фабриката на Мерцедес Бенц во југозападна Германија. Локалната полиција на Твитер објави дека едно лице починало, додека друго е тешко повредено. Оттаму додаваат дека „повеќе нема никаква опасност за вработените во фабриката“.
Полицијата не била веднаш достапна за дополнителни коментари, пренесува Ројтерс. Едно лице е уапсено во врска со пукањето, а спасувачите се на лице место во фабриката 56 во градот Синделфинген, во покраината Баден-Виртемберг. Билд пишува дека во таа фабрика се склопува моделот S-Class.