Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Тајип Ердоган, ќе разговараат денеска во Сочи за енергетиката и за проширување на трговско – економските врски, соопшти Кремљ.

„Согласо договорите постигнати на билатералниот состанок на претседателите во Техеран на 19 јули, планирано е детално да се разговара за темата руско – турска мултилатерална соработка, вклучувајќи ги перспективите за натамошно ширење на трговско – економските врски и имплементација на заеднички стратешки проекти во енергетскиот сектор“, се наведува во соопштението на Кремљ.

Путин и Ердоган ќе разговараат и за актуелни теми од меѓународната агенда.

Тоа ќе биде втора средба на Ердоган и Путин за 17 дена, затоа што претходно се сретнаа во Техеран, на трилатерален состанок со претседателот на Иран, Ебрахим Раиси, потсетува Анадолија.