Американскиот претседател Џо Бајден (79) повторно е позитивен на коронавирусот, објави „Ројтерс“.

Неговиот лекар Кевин О’Конор вели дека на Бајден му оди многу добро. Тој наведува дека се уште повремено кашла, а ќе продолжи да работи во изолација.

Бајден минатата среда излезе од изолација, но во саботата повторно беше позитивен на корона.

О’Конор ова го објасни како случај на „враќање“ на инфекцијата што е забележана кај мал процент од пациентите кои користат антивирусен лек „Паксловид“.