Двајца руски новинари вчера објавија најмалку 30 написи на про-Кремљ страницата „lenta.ru“ во кои го критикуваа рускиот претседател Владимир Путин.
Новинарите Егор Полјаков и Александра Мирошников упатија неколку обвинувања во своите написи, вклучително и дека руските одбранбени функционери ги лажеле роднините на загинатите во потонувањето на Црноморската флота на руската морнарица и го обвинија Путин дека ја почнал една од „најкрвавите војни во 21 век“.
-Путин и неговиот круг се осудени на суд по завршувањето на војната, објавија Полјаков и Мирошников на „lenta.ru“.
-Путин и неговите соработници нема да можат да се оправдаат и нема да избегаат по загубата на оваа војна, додаваат тие.
Полјаков и Мирошникова се деловни уредници на lenta.ru, главната руска веб-страница за вести што го поддржува Кремљ.
Независната руска страница „Медиазона“ по објавувањето на текстовите објави изјава на Полјаков и Мирошников.
-Путин е параноичен диктатор, рекле тие.
-Путин мора да замине. Започна бесмислена војна и ја води Русија во пропаст, додале новинарите.
Полјаков и Мирошников не само што јавно ја отфрлија владината позиција за инвазијата, туку уште од самиот почеток го обвинија Путин дека лаже за своите намери во Украина.
– Путин постојано лажеше за своите планови за Русија во Украина, наведувајќи прво една цел, а потоа друга, додаваат тие.
Тие го посочија повикот на Путин за ослободување на Донбас, денацизација и демилитаризација на Украина како примери за она што тие го опишуваат како „набрзина составени оправданија за непотребна војна“.
Секоја статија на „лента.ру“ започнуваше со истата реченица: „Овој материјал не е одобрен од државата, затоа претседателската администрација ќе го избрише … Со други зборови: Направете „скриншот“ пред да ја избришат статијата“.
По објавувањето на написите, новинарите напишаа: „Бараме работа, адвокати и веројатно политички азил. Спротивставете се. Вие не сте еден, вие сте многу. Иднината е ваша. Мир за Украина“.