Рускиот претседател Владимир Путин денеска телефонски разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон и со германскиот канцелар Олаф Шолц при што ги информирал дека руската страна е отворена за обновување на дијалогот со Киев.
Тој, исто така, ги предупреди за тоа колку е опасно да се продолжи со „пумпање“ на Украина со оружје од Запад. Тоа, како што рече, води кон дестабилизација на ситуацијата.
Претседателот на Русија им објасни на Макрон и Шолц како се организира процесот на нормализација на животот во Мариупол и другите ослободени градови на Донбас, соопшти Кремљ.
Една од темите на разговор беше и прашањето за безбедноста на храната.
-Русија е подготвена да придонесе за изнаоѓање варијанти на извоз на жито без пречки, вклучително и извоз на украинско жито од пристаништата на Црното Море, рече рускиот лидер.
Според него, вистинските тешкотии околу испораката на храна кои настанале поради погрешната политика на Западот.