На настанот ќе бидат презентирани досегашните активности во рамки на проектот во насока на зголемување на транспарентноста, отчетноста и видливоста на Државниот завод за ревизија, можностите за подобрување на меѓусебната комуникација со засегнатите страни и ќе биде промовиран видео материјал како новитет во комуникацијата на Државниот завод за ревизија.
Работна средба за подобрување на транспарентноста на Државниот завод за ревизија
Р
Државниот завод за ревизија денеска организира работна средба на тема „Државен завод за ревизија и засегнати страни“, што се реализира во рамки на проектот „Поддршка за имплементација на Стратегијата за комуникација на Државниот завод за ревизија“ кој ДЗР го спроведува со Фондацијата за демократија на Вестминстер (WFD) и во соработка со Институтот за истражување на општествениот развој РЕСИС, финансиран од Министерството за надворешни работи и развој на британскиот Комонвелт.