Бугарија не поставува нови услови за европско членство на Република Северна Македонија, изјави бугарскиот претседател, Румен Радев, и истакна дека од Скопје се бара да ги исполни веќе преземените обврски, утврдени во преговарачката рамка.
„Не можеме да градиме добрососедство и одржлива европска иднина со говор на омраза, со фалсификати и навреди кон Бугарите во учебниците, со необјавување на архивите на службите за погроните врз Бугарите во Македонија и немањето рехабилитација на невините жртви, со постојана дискриминација кон граѓаните со бугарска самосвест. Ако сме земја-одговорна членка на ЕУ, не можеме да се откажеме од овие позиции.И ќе продолжиме да објаснуваме, да ги повикуваме европските институции, сите Европски лидери. Нема да дозволиме таква замена на европските вредности и принципи“, рече бугарскиот претседател.
Радев беше на презентацијата на книгата на вонреден професор доктор Спас Ташев „Борбата на македонските Бугари за права и самостојност – 68 случаи од периодот 1944 – 1994 година“.