Според него, партиите мора да дадат јасни гаранции дека нема да отстапат од овој правец и дека и ќе создадат таква влада, која ќе биде обединета со приоритети и цели што се во интерес на бугарските граѓани.
Мотивите на привремените бугарски министри за внатрешни работи и за правда да побараат смена на главниот обвинител Иван Гешев се во одбрана на законот, а одлуката на Високиот судски совет да не го отстрани од функцијата е да се заштити статус кво-то, што беше одбиено од бугарскиот граѓани, рече Радев.