Во пресрет на состанокот на коалициските партнери, порака да не се отстапува од позициите, упати и бугарскиот претседател Радев.
Тој денеска имал и телефонски разговор со британскиот специјален претставник за Балканот, Сер Стујард Пич, на која исто така, тема било ветото за Македонија.
-Средбите не се толку важни, важни се резултатите. Очекувам коалицискиот совет вечерва да го следи консензусот и мислењето што го постигна Консултативниот совет за национална безбедност во јануари, да го брани бугарскиот интерес и копенхашките критериуми за членство, кои се базираат многу прецизно на човековите права и недискриминација. Ако сето ова се случи, ќе и помогнеме на Македонија постојано да го следи овој пат, Румен Радев.