ЖРК Куманово е тимот кој го освои трофејот во Купот на Македонија, откако попладнево во финалето одиграно во салата „Автокоманда“ го совладаа ЖРК Вардар со 26:18.
За кумановки ова е втор куп-трофеј по оној освоен во 2019 година.
Куманово беше подобриот тим во текот на целиот натпревар и предводени од Ангела Јанкуловска со седум погодоци на крајот заслужено се радуваше.
Вардар остана на шест трофеи по своето десетто финале.
Денес од 17:30 часот ќе се игра и финалето од машкиот куп. Во него ќе играат Вардар и Еурофарм Пелистер.