Како што неодмна вети премиерот Еди Рама, први кои стапнаа на пистата на аеродромот во Кукс, беа имигрантите од овој крај, кои живеат во Лондон, и како што шефот на владата честопати зборуваше, скептиците на овој проект ќе имаат приоритет да летаат бесплатно.

Во согласност со меѓународните правила за летање, авионот најпрво слета на меѓународниот аеродром во Тирана, за потоа да продолжи како локален лет. Во Тирана во авионот влезе и премиерот Рама.

-Аеродромот во Кукс е изграден врз основа на концептот да им служи на албанските територии, како што се Албанија, Косово, но и Северна Македонија и Црна Гора. Аеродромот Кукс ќе биде посветен на нискобуџетните компании, кои нудат квалитетни услуги по ниски цени, пренесува албанската државна агенција, АТА.

Вработените на овој аеродром ќе бидат од областите околу Кукс, освен за оние позиции за кои е потребна специјализирана обука или лиценцирање.

– Слетувањето на првиот авион на аеродромот во Кукс е фантастичен ден за Кукс, Албанија, Косово и сите Албанци. Јас сум реален, едноставно имав огромно задоволство да се симнам од вистински авион на овој вистински аеродром до група вистински луѓе, кои ја читаат мојата книга за куќата со поголема страст од сите други, секогаш кога зборував за аеродромот во Кукс, рече Рама.

Тој го објасни името на аеродромот, зашто, како што рече тој не само што е нов аеродром, тој е исто така е место за сеќавање „храм на меморијата на овие простори, но и на оваа голема заедница на Албанците од Приштина до Тирана и Албанците што живеат насекаде“.

-Во оваа област беше поставен големиот камп на оние кои беа раселени од своите домови насилно и се засолнаа во Албанија, каде Кукс беше најнаселена станица. Во тоа време овде дојдоа многу луѓе од целиот свет, но и некој кој денес е престолонаследник на Обединетите Арапски Емирати, кој е син на еден од најмудрите луѓе што светот го има запознато, Шеик Зајед, кој со генијална визија успеа да им даде живот на оние што денес ги знаеме како Обединети Арапски Емирати. Таткото го испрати својот син придружуван од оној кој денес е премиер на Дубаи. Двајцата беа млади и дојдоа тука да се грижат директно за бегалци од Косово, рече Рама.

Инаку, аеродромот зафаќа површина од 512 илјади квадратни метри, со должина на пистата од 1.900 метри и ширина од 45 метри. Нејзината категорија е 3Ц, за слетување на турбопроп авиони и авиони со регионални турбини. Предвидениот капацитет е околу милион патници годишно.