Албанскиот премиер Еди Рама реагираше на платформата Икс во врска со договорот со Италија за мигранти, порачувајќи дека протоколот ќе продолжи да важи „сè додека Италија го сака тоа“.

Реакцијата на Рама следува по медиумски извештаи и толкувања на изјава на министерот за Европа и надворешни работи, Ферит Хоџа, кои премиерот ги оцени како искривени.

Рама појасни дека официјалниот став на Албанија останува непроменет и дека договорот со Италија не е предмет на еднострано раскинување.

„До сите новинари од Италија и пошироко, кои нè контактираат во врска со неточен цитат објавен од медиум по интервјуто со министерот за надворешни работи на Албанија. Дозволете ми јасно да повторам, и дефинитивно се надевам, дека нашиот протокол со Италија ќе продолжи да биде на сила, сè додека Италија го сака тоа“, напиша Рама.

Тој нагласи дека соработката меѓу Албанија и Италија продолжува нормално и во согласност со потпишаниот договор.