Рама од Кукс, каде почна вакцинацијата на косовските здравствени работници против Ковид-19, со вакцини донација на неговата земја, порача: „нека тој пријател објавува мапи и нека си игра на Фејсбук, ние сме едно и така ќе продолжиме до крај“.

Добредојдовте и искрено се чувствувам многу добро. Започнавме со 500. Нема да ве оставиме таму сами, бидејќи на крајот на краиштата ние сме едно. Фактот што вакцинацијата се одвива во Кукс е поради тоа што компаниите не дозволуваат да изнесеме вакцини надвор. Кукс припаѓа и на Албанија и на Косово. Нека тој пријател во Белград објавува мапи и си игра на Фејсбук, ние сме едно и така ќе продолжиме до крај. На здравје, изјави Рама.

На објавата на Вучиќ реагираше и опозицскиот лидер, демократот Љуљзим Баша, кој му порача на Вучиќ дека Косово е реалност од која нема враќање, додека, пак, поранешниот претседател и премиер Сали Бериша побара Албанија да го прогласи за „персона нон грата“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ на Инстаграм објави фотографија на која мапата на Косово е покриена со српско знаме, а напиша и коментар дека Косово е „српски крст“.

Објавата на социјалната мрежа Вучиќ ја направи по повод годишнината од насилството во Косово, што се случи на 17 март 2004 година.

Косово не е наше бреме, туку наш крст, и од крстот подобро се гледа воскреснувањето отколку од под него, напиша Вучиќ.