Кумановската полиција расчисти случајот на насилство во Куманово и ги привела насилниците. По преземените мерки, било констатирано дека станува збор за недоразбирање без никакви меѓуетнички елементи. СВР Куманово апелира до медиумите за професионално и точно информирање без шпекулации околу причините за инцидентот.

Кумановската полиција вчера ги лишила од слобода Р.И.(18), Ф.А.(19), А.Д.(20), К.Г.(18), А.Т.(18), А.В.(18), А.С.(20), А.Б.(23) и Л.С.(19), сите од Куманово и кумановско, а на службен разговор биле повикани и тројца малолетници од Куманово.

Како што соопшти денеска МВР, тие се сомничат дека на 14 ноември на улицата „Карл Маркс“ во Куманово со тврди предмети му го оштетиле возилото на Б.Ш.(20) од Куманово, по што тој во обид да избега предизвикал сообраќајна незгода удирајќи во паркирано возило. По целосно документирање на случајот против сите лица ќе следуваат соодветни пријави.