МВР сооошти дека вчера попладне полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода С.Л. (35) од Скопје.

Според МВР, од лице вработено како обезбедување, С.Л. бил затекнат при обид со возило „киа пиканто“ со скопски регистарски ознаки, од фабрика да изнесе плочки за пруга со вкупна тежина од околу 400 килограми. Плочките му биле одземени и вратени, а тој бил задржан во полициска станица.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.