Потврда за ова Канал 5 добиле и на 31 март, но потоа од непознати причини, тој се предомисли. Како алтернатива, а се во интерес на јавноста и одговорите што ги должи, му беше понудено гостување во „Само Интервју“ на 9 април, што првично исто така беше прифатено, и од тие причини најавено на нашата програма.

Но, за жал, Рашковски по неколкудневна интензивна комуникација на 6 април, во вторникот, ги информирал дека нема да може да гостува поради „објективни причини” и дека „жали но ќе мораме да си бараме друг гостин“. Колку причините на Рашковски се објективни, останува прашање на кое само тој го има одговорот, но факт е дека гостување му било понудено, во било која форма – дуел или интервју, што впрочем му беше и понудено.