Четири лица се идентификувани и познати на полицијата по упадот на М-НАВ и за истите распишани се централни потерници. Тоа значи дека сите полициски станици низ Македонија се информирани дека лицата се бараат поради извршено кривично дело и доколку бидат достапни треба да бидат уапсени.
За еден дека најверојатно е во бегство веќе објави 4NEWS.mk. Според нивни неофицијални информации, лицето ја напуштило Македонија и во моментов се наоѓа во соседна Србија.