Јавниот обвинител во текот на денешниот ден ќе вложи жалби на одлуката на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје со која беше одбиен предлогот за определување мерка притвор за четворица осомничени за кривично дело – Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај и им беа определени мерки на претпазливост, информираат од Јавното обвинителство.