Жена била тешко повредена од страана на три лица, сопственици на крави кои слободно талкаат во Крива Паланка.
На 21 ноември 2026 година, во ОВР Крива Паланка било пријавено дека 67-годишната жителка Д.Д. од село Дрење била физички нападната од Г.Ѓ. и две лица со иницијали А.Ѓ. по недоразбирање околу крави кои правеле штети.
Според полициските информации, на оштетената ѝ биле нанесени тешки телесни повреди констатирани во Здравствениот дом во Крива Паланка.
Според иницијалите, се претпоставува дека станува збор за таткото и двете ќерки кои и досега беа приведени поради неодговорно чување на кравите.
