Раст на просечната плата за 6,8%, економските мерки и политики на СДСМ даваат резултат, соопштуваат од партијата.
– Економските индикатори покажуваат позитивен нагорен тренд, македонската економија е стабилна, жива и динамична. Бележиме постојан раст на платите и во услови на пандемија, се наведува во соопштението.
Просечната месечна нето-плата во март 2021 година изнесува 28.217,00 денари, што е за 6,8% повисока од истиот месец во 2020 година, велат од партијата и додаваат дека и покрај борбата со пандемијата ветиле и испорачале економија-правда. Дел од концептот на СДСМ е парите кај граѓаните, повеќе пари во џебот на работниците.
-Дополнително, по цела година, за прв пат во месец март оваа година е забележана сериозна стапка на раст на индустриското производство од 7,6%. Исто така, раст од над 27,1 отсто има и индексот на прометот во индустријата. Раст од 15,8 отсто има и надворешната трговска размена во првиот квартал од 2021 година, а извозот во истиот период е зголемен за 18,1 отсто, се вели во соопштението.
Додаваат дека покрај сите можни блокади и опструкции од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, успеале да реализираат мерки кои дадоа резултат.
-Спасивме повеќе од 100.000 работни места. Поддржавме над 400.000 граѓани и 35.000 компании. Над 65 милијарди денари директно се вбризгани во домаќинствата и во компаниите. Македонската економија се враќа на стабилни стапки на раст согласно економските показатели и очекувања, потенцираат од СДСМ.
Како одговорна партија, велат од СДСМ, продолжуваме со креирање и реализација на ефикасни мерки и политики што создаваат услови за градење стабилна и развојна македонска економија.