Од Фондот во однос на ова, ама и на забелешката дека во време на пандемија со Фондот наместо да ги награди ги казнува лекарите, во писмено обраќање порачаа имало низа мерки за олеснување.

Додека матичните лекари се соочуваат со најголемиот наплив на пациенти досега бидејќи деновиве се бележат и рекордни бројки на заразени од почетокот на пандемијата, секој ден по неколку ординации добиваат решенија за казни од 15.000 до 25.000 денари од ФЗО за од 2019 година, вели Д-р Лилија Чолакова Дервишова, Претседател на здружението на матични лекари. Таа појаснува дека пред две години била направена контрола од Фондот, па сега се делат казните за пронајдените пропусти.

Од Фондот во однос на ова, ама и на забелешката дека во време на пандемија со Фондот наместо да ги награди ги казнува лекарите, во писмено обраќање порачаа имало низа мерки за олеснување. Освен одложување на наплата на казни, ги намалиле и контролите за да им излезат во пресрет, а за сторени повреди на договорните обврски секогаш ја изрекуваше помалата, а не поголемата казна.

Инаку, најновиот бран кој зема залет по празниците не ги наполни ковид центрите, ама затоа во ординација на еден матичен лекар дневно има од 80 до 150 пациенти. Не изостануваат ниту разговорите со позитивните пациенти преку телефон, вели Д-р Мира Атанасова која е и специјалист педијатар. Речиси сите што се тестираат се позитивни.

Во меѓувреме Комисијата за заразни болести деновиве разговара за намалување на периодот на изолација за асимтоматските случаи кој сега трае 10 дена, а и за тоа дали поради бранот треба да се одложи почетокот на второто полугодие за учениците.