Разбојници влетале во продавница во Топанско Поле, барале по касите, но си заминале со празни раце.

 

Вчера во 20:10 часот во СВР Скопје е пријавено дека во продажен објект на ул.„Македонско-косовска бригада“ во Скопје, две лица со закана кон вработените, пребарувале по касите, но, според вработените, не одзеле ништо. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.