Полицијата трага по непознат сторител кој вчера ограбил колонијална продавница во Прилеп, откако со електричен парализатор нападнал вработена и од објектот одзел пари и различни производи.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера околу 13 часот во ОВР Прилеп.
Непознатото лице влегло во продавницата и употребило електричен парализатор врз вработената, по што од објектот одзело пари и различни производи.
По разбојништвото, сторителот избегал, а полицијата презема мерки за негово пронаоѓање и целосно расчистување на случајот.
