Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот за спорт, Борко Ристовски денеска се сретна со претседателот на Светската ракометна федерација, Хасан Мустафа, претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов и генералниот секретар на Ракометната федерација, Филип Милошевски.
Разговори за унапредување на македонскиот спорт, инвестиции и визии за иднина, рече Мицкоски по средбата, која ја оцени за срдечна.