Би сакале да дадеме точен одговор на дилемите на СДС дадени во денешното утринско соопштение со наслов „ВМРО-ДПМНЕ да каже каде се парите во Град Скопје поради банкротот на градот” но не можеме да им помогнеме бидејќи ВМРО -ДПМНЕ нема никаква власт во градот Скопје, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Воедно би ги повикале СДС ова прашање да го постават на една од многу средби на Данела Арсовска која ги има во просториите на Владата, или пак пред седниците на Совет кога здружно СДС, Левица, ДУИ и ГРОМ ги гласаат финансиските програми на Данела Арсовска.
Со ваквите соопштенија СДС единствено ја брани неспособноста на Данела Арсовска. Ако им е непријатно јавно да соопштат еве ќе им помогнеме и ќе им ја честитаме и јавно коалицијата Арсовска СДС. Нека им е аирлија и нека им се посреќи, стои во партиската реакција.