Се поставува прашањето дали со секојдневните партиски соопштенија за предвремени избори опозицијата си создава алиби за да не ги признае следните парламентарни соочувања. Во политичката јавност се наметнува дилемата дали раководството на СДСМ стравува од резултатите кои би значеле дебакл на гласањето.
Политичките коментари доаѓаат откако Филипче во исходот од гласањето во Општина Брвеница препозна наводен повод од страна на власта за организирање предвремени парламентарни избори. Во реакцијата на социјалдемократите беше наведено:
„Мицкоски се обидува да си обезбеди алиби за предвремени избори. Наводната кавга со ВЛЕН поради губењето во Брвеница е само димна завеса. Сè е спремно. Латас веќе тргна во кампања. Остатоците од БИА што ќе помагаат да се остварат плановите од руската агенда. Сателитите како Левица и ЗНАМ 2.0, предводени од екипата што ја рушеше СДСМ, чекаат знак од Мицкоски и ќе се претстават во ново одело. Одело на опозиција на далечинско“, пишаа од опозициската партија.
Отворањето на прашањето дали СДСМ планира непризнавање на пораз на идните парламентарни избори отвора дилеми за натамошната стабилност и целите на раководството. Се анализира дали тесното партиско раководство функционира под притисок на лични амбиции или станува збор за паничен страв од соочување со гласачите.
Во јавните настапи и анализи се забележува дека ваквото однесување изгледа како барање алиби надвор од реалната политичка борба, при што се доведува во прашање стратегијата на партијата пред претстојните изборни предизвици.
