Реал Мадрид не планира летово да преговара за трансфер на Килијан Мбапе, пишува „Марка“ од извори блиску до клубот. И покрај тоа што Мбапе изјави дека нема намера да го продолжува договорот со ПСЖ, кој истекува на лето 2024 година, сепак, од клубот на „кралевите“ се мирни по ситуацијата за Французинот.
Не е тајна дека Реал сака да го доведе Мбапе, после неуспешниот обид минатата сезона, сепак, „кралевите“ наводно имале план да тргнат по неговиот потпис, и тоа во јануари 2024 година, кога на напаѓачот ќе му останат уште шест месеци од договорот со „светците“.
Се истакнува дека ова ќе биде сторено, со оглед дека Реал Мадрид има нарушени односи со ПСЖ после она што се случуваше летото 2022 година токму со Мбапе, па затоа најпрво сака да преговара со него. Доколку успее да го договори, тогаш „кралевите“ ќе испратат понуда до ПСЖ за ангажман уште во јануари, со оглед дека веќе во јуни Мбапе ќе си замине како слободен агент.
Од Реал Мадрид стравуваат да не се повтори грешката од 2021 година кога речиси се договорија со Мбапе во 2022 да дојде на „Бернабе“, а тој изненадувачки го продолжи договорот со екипата.