Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе нема да биде продаден на Реал Мадрид оваа зима.

Според „El Chiringuito“, шпанскиот клуб не ни размислува да го придобие 23-годишниот напаѓач во јануари.

И самиот играч нема да го напушти Париз до крајот на сезоната, со надеж дека ќе ја освои оваа Лига на шампиони, а потоа ќе се пресели во Реал.

Претходно беше објавено дека мадридскиот тим понудил 50 милиони евра за Мбапе.